Сам против сите, поединец против општеството – тоа е основниот мотив на трилерот “Правда за сите”. Главниот лик е човек кој се впушта во беспоштедна борба со општеството, сам против сите, само со помош на својата интелигенција. Набрзо со својата способност без никаква грешка да ги планира своите чекори однапред тој станува вистинска опасност за полицијата и целото општество. Значи, доколку сакате филмови кои ја разработуваат темата на манипулативен одмаздник кој ја изигрува полицијата и органите на власта, ова е филм за вас.
Филмот има свој позитивец и негативец кои во зависност од тоа од која страна гледате можат да ги измешаат своите улоги. Гледано преку призмата на правосудниот систем, Џејми Фокс е позитивецот во филмот, а Џерард Батлер е интелигентниот негативец. Но, гледано од друга страна, Џејми Фокс го глуми ликот на адвокатот кој се ракува со вистинските злосторници во име на својата кариера, а Батлер го игра ликот на Клајд, обичниот смртник кој само сака да биде задоволена правдата. По десетте минати години од смртта на своите најблиски, тој се претвара во немилосрден одмаздник кого не го интересира дали при тоа гинат и невини луѓе.


Оригинален наслов: Law Abiding Citizen
Улоги: Jamie Foxx, Gerard Butler, Bruce McGill, Colm Meaney, Leslie Bibb, Michael Irby, Regina Hall, Viola Davis
Режија: F. Gary Gray (The Italian Job, 2003.)
Година на производство: 2009
Жанр: трилер, акција, драма








Претставен преку очите на режисерот Игор Мирковиќ, филмот “Sretno dijete” ќе ве врати во времето на неговата младост, време во кое тој бил едно среќно дете. Тоа е златното време на југословенскиот рок, најголемиот пресврт во музиката и нов бран во YU музика, почеток на култни бендови како Азра, Хаустор, Филм, Патрола, Панкрти, Електрични оргазам, Идоли, Прљаво казалиште и многу други. Почувствувајте го и вие тоа златно време и погледнете го филмот online на нашата веб страница:

