
На 23-24 Октомври, со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи 22-то издание на Интернационалниот филмски фестивал – ОСФАФ, фестивал на алтернативен (непрофесионален) и студентски филм. Официјалната програма и наградите на фестивалот ќе бидат истакнати на 22-ри Октомври на официјалната веб-страна на фестивалот: www.osfaf.org.mk . Стручното интернационално жири ќе ја одбере програмата која ќе биде поделена во две одделни проекции.




