Претпоставувам дека сите жени веќе го погледнаа филмот наменет токму за нив. Тој има едноставен наслов ”Жените” и во него глумат многу познати актерки како Мег Рајан, Ева Мендес, Дебра Месинг од серијата “Вил и Грејс”, Анет Бенинг и Џада Паркер Смит. Приказната е едноставна – помлада, позгодна и посамоуверена жена и го краде сопругот на онаа која со текот на времето станала повеќе сопруга и мајка отколку жена, ги поттиснала своите соништа и желби и целосно се посветила на желбите и барањата на другите. Заборавила која е, што сака и што и треба…
Кога ќе дознае дека сопругот ја изневерува и за тоа знаат сите освен неа, таа решава да си го
смени животот целосно. Да стане себична и да почне да мисли повеќе на себе и своите потреби. За почеток, ја менува својата фризура и почнува да внимава на својата облека. Така, жената со несредена коса, облечена во гумени чизми и широки панталони се појавува во тесно здолниште, високи штикли со фризура и шминка.
Но, изгледот не е доволен за да го промените вашиот живот. Она што ќе ве направи вистински среќна е да почнете да го правите она кое ве исполнува, кое вистински го сакате.
Продолжува…