Skip navigation

Category Archives: Movie trailers

Најнови трејлери!!!

Сандра Булок следи еден CNN камерман (Бредли Купер) низ целата земја, обидувајќи се да го убеди дека тие двајца се судени еден за друг во својот најнов филм “All about Steve”, а во “500 Days of summer” тој ја запознава љубовта на неговиот живот и веднаш се вљубува во неа. Но, не и таа во него…

“The Final Destination” ќе ве запознае со еден тинејџер кој ќе има претчувство дека група негови врсници ќе загинат во трка со автомобили и ќе успее да ги спаси. Но, смртта не се откажува од нив…

Еден млад човек кој ќе работи во мотелот на своите родители летото 1969 год, сосема случајно ќе стане дел од дефинирањето на една нова генерација во “Taking Woodstock”.

Кога за прв пат го погледнав трејлерот на филмот “Taken”, веднаш знаев дека станува збор за одличен акционен трилер каков што одамна не сум гледала. Приказната се врти околу тајниот FBI агент Брајан Милс, чија ќерка ќе биде киднапирана од страна на албански мафијаши, па тој решава сам да ја спаси. Единственото нешто кое Брајан ќе им го порача на киднаперите на неговата ќерка е: “Не знам кој си. Не знам што сакаш. Ако бараш откуп, да знаеш дека немам пари. Но, она што го имам се специјалните вештини стекнати во текот на мојата долгогодишна кариера, вештини кои ме прават ноќен кошмар за луѓето како тебе. Ако ја пуштиш ќерка ми сега, тоа ќе биде крај. Нема да те барам, ниту гонам. Во спротивно, ќе те барам додека да те најдам и ќе те убијам.” Мене ова ми беше сосема доволно за да го погледнам филмот.

Режисерот што стои зад него е младиот Пјер Морел кој дебитираше во 2004 со одличниот акционен филм “Полициска станица 13″. Сепак, во неговата кариера работел на одлични проекти како снимател и директор на фотографија на хит-филмовите ’Taxi 2’, ’Danny the dog’ и ’Transporter’, а зад сценариото стојат Лук Бенсон и Роберт Марк Камен кои се потпишаа и зад сценаријата на ’Transporter 1 и 2’ и легендарниот “Петтиот елемент”. Токму ова е доволен доказ дека станува збор за многу квалитетен филм во секој поглед.

Киднапирањето на детето е веројатно најголемиот страв на секој родител особено заради фактот дека најчесто на детето му се губи секоја можна трага. Бескрупулозните трговци со човечки органи и суровите мафијаши кои ги претвараат децата во бело робје се ликови од ноќните мори на секој родител.

Сценаристот Лук Бенсон бил целосно свесен за тоа, па киднапирањето на двете девојки во Париз е појдовна точка во неговото сценарио.

Повеќе…

2 Guys. 300 Girls. You Do the Math.

Оригинален наслов: Fired up

Улоги: Nicholas D’Agosto, Eric Christian Olsen, Sarah Roemer, Molly Sims, Danneel Harris, Philip Baker Hall
Режија: Will Gluck
Година на производство: 2009

Шон Колфакс (Nicholas D’Agosto) и Ник Бреди (Eric Christian Olsen) се ѕвезди на рагби-тимот во средното училиште Џералд Форд и летниот распуст планираат да го поминат во летниот камп. Ник пронаоѓа начин во нивниот камп да летува и навивачката екипа те. 300 преубави девојки. Се се одвива според планот се додека Шон не се вљуби во Карли (Sarah Roemer)…

Погледнете го ТРЕЈЛЕРОТ на филмот!!!

Are You Man Enough To Say It?

Оригинален наслов: I love you, man
Режија: Џон Хамбург (John Hamburg)
Улоги: Paul Rudd, Jason Segel, Rashida Jones, Andy Samberg, J.K. Simmons, Jane Curtin, Jon Favreau, Jaime Pressly
Година на производство: 2009

Успешниот агент на недвижности Питер (Пол Руд) ќе ја побара за жена својата девојка Зои (Рашида Џоис), и колку повеќе се ближи свадбата толку повеќе тој сфаќа дека нема близок пријател кој би можел да му биде кум.

Првата идеја која му паѓа на памет е да почне да се среќава со различни мажи, додека го најде најдобриот кандидат за кум. Сите тие состаноци се вистинско промашување, додека не се сретне со Сидни Фајв (Џејсон Сигел) – човекот кој ќе му се допадне уште на првиот состанок. Тој е пријатен, шармантен, искрен, па тие двајца набрзо стануваат неразделни пријатели. Но, ова не и се допаѓа на Зои, бидејќи колку се тие двајца поблиски, толку Питер се повеќе се оддалечува од неа.

Како што се ближи свадбата, тој мора да најде начин да остане добар пријател со Џејсон, а истовремено и верен на девојката од неговите соништа…

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТРЕЈЛЕРОТ НА МОМЕНТНО НАЈПОПУЛАРНАТА КОМЕДИЈА ВО СВЕТОТ!!! (THE TRAILER)

Вампирска љубов во “Самрак”

TWILIGHT

Бела Свон отсекогаш била поинаква од своите врснички. Таа никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието, да оди по тренди забави и да се дружи со најпопуларните девојки во училиштето. Кога мајка и ќе се премажи, Бела ќе замине да живее со својот татко во малото гратче Форкс. Но, во Форкс нејзиниот живот ќе почне да се менува, и тоа особено кога таа ќе се запознае со мистериозниот Едвард Купен. Тој е сосема поинаков од момците што ги запознала претходно. Интелигентен, згоден и шармантен, веднаш го освојува нејзиното срце. Но, има уште нешто што го прави различен од другите. Тој е вампир…

Повеќе…

Филмот доби одлични критики и моментно се наоѓа на второто место на американскиот бокс-офис. Клик ТУКА за да го погледнете трејлерот на филмот!!!

When you can live forever what do you live for?

Рокенрола – нов филм на Гај Ричи

ТРЕЈЛЕР НА ФИЛМОТ

Еден Два е уличен мафијаш, кој научил како да биде близок со двете страни од законот. Лени Кол е шеф на една опасна мафијашка група, која е дел на стариот лондонски мафијашки режим што брзо ја губи битката со побогатите странски мафии. Кога еден руски мафијаш ќе ги замеша прстите во бизнисот со недвижности, милиони долари ќе бидат на дофат на крадците и сите криминалци од лондонското подземје ќе сакаат да добијат дел од колачот.

Прочитај повеќе…

Мадагаскар 2

Изгубени на островот Мадагаскар, њујоршките животни, зебрата Марти, лавот Алекс, жирафата Мелман и нилскиот коњ Глорија, прават план како да се вратат назад. Пингвините го поправаат воениот авион што се урнал одамна на островот… или барем изгледа дека е поправен. Кога необичната екипа ќе се качи на авионот, тој има сила да ги однесе само до срцето на Африка. Овде јунаците ќе се сретнат со своите предци и роднини за првпат.

Повеќе…

МАДАГАСКАР 2 – TRAILER!!!

Еден млад брачен пар се соочува со лични проблеми во светот исполнет со предрасуди. “Revolutionary Road” е втор заеднички проект на одличните актери Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет откако постигнаа светска слава со легендарниот “Титаник”, а Никол Кидман и Хју Џекмен глумат во одличната епска драма “Australia”. Приказната е сместена во 1930-тите години во Австралија каде еден пар
се соочува со бомбардирањето од страна на Јапонија.

Следуваат две супер комедии и тоа, приказната за двете најдобри другарки кои ќе станат крвни непријатели кога ке дознаат дека свадбите им се закажани во ист ден и онаа во која инспекторот Жак Клузо треба да спречи кражба на историски артефакти. Прекрасните Кејт Хадсон и Ен Хатавеј се дел од
“Bride wars”, а Стив Мартин ќе го видиме во “Pink Panther 2″.

Клик на сликата за да го погледнете трејлерот.

Мистериозен повик од непозната жена ќе ги спои нивните животи и ќе ги доведе во низа опасни ситуации. Во трилерот “Eagle eye” Shia LeBeouf и Michelle Monaghan се обидуваат да откријат зошто сето тоа им се случува токму ним. Во “Four Christmases” еден пар се труди да ги посети своите разведни родители на Божиќ. Тоа значи, нејзиниот татко, нејзината мајка, неговиот татко и неговата мајка – и сето тоа во еден ден. Надежен новинар сака да му помогне на еден бездомен музичар да го оствари својот сон во “The Soloist”, а во “The Twilight” една девојка се вљубува во мистериозно момче без да знае дека тој всушност е вампир. Клик на сликата за да го погледнете трејлерот.

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.